EN
МК EN SQ
Wishlist
Loading...
View Wishlist
My Cart
Loading...
Нега на кожа

АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ

АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ

Што претставува атописки дерматит

Атопискиот дерматит е најчеста форма на егзема која обично започнува во доенечка возраст или раното детство. Се смета за имуно посредувано, воспалително заболување. Атопискиот дерматит е предизвикан од комбинација на генетски и надворешни фактори.(се јавува кога имунолошкиот систем ке изреагира бурно на некоја дразба од околината на детето). Децата кои доагаат од семејства со историја за атописки дерматит, астма или поленска треска почесто развиваат атописки дерматит. Симптомите вклучуваат чешање, црвенило и осип, кожа која што е многу сува и може да формира отворени, корави или влажни рани. Места на предилекција кај доенчињата се лицето, и надворешните страни на рацете и нозете, додека кај поголемите деца се зафатени флексорните страни на екстремитетите. Јадежот е еден од главните измачувачки симптоми па поради повторуваното чешање се јавуваат и рагади, пукнатини по кожата кои се влезна врата за инфекции. Освен кожните симптоми овие пациенти се склони и на астма како и на алергии од различни алергени кои дополнително ја влошуваат дерматолошката слика. Третманот на болеста е повеке во правец на менаџмент и менување на стил на живот отколку што е земање на редовна терапија.

Корисни совети за деца со атописки дерматит

Специфичен третман во суштина не постои, но холистичкиот пристап е најпотребен се со цел да се намали дисконфортот кај детето со атописки дерматит. Родителите треба да знат дека за да се спречи сувоста и иритацијата на кожата, туширањата треба да бидат кратки, со не многу топла вода, и не секој ден, а при тоа да се користат маслени купки, препарати без парабени и парфеми.После туширање треба да следи секојдневно мачкање на кожата со соодветни препарати, медицинска козметика наменета за сува, атопична кожа. На тој начин се продлжуваат фазите кога состојбата на кожата е мирна. Во случаи на влошување на состојбата неопходно е примена на соодветни кортикостероидни креми според местото на егземата и возраста на детето исклучиво на начин препорачан од дерматолог, а по потреба може да се додаде и антихистаминик. Ноктите на детето треба секогаш да бидат исечени за да не ја иритираат и инфицираат кожата дополнително со чешање. Облеката на детето треба да биде памучна, пред првото носење мора секогаш да се испере без корстење на јаки прашоци и омекшивачи. Просториите во кои престојува детето да не бидат премногу загреани бидејки потењето може да ја влоши состојбата на кожата. Ризик фактори од околината кои треба да се избегнуваат се чадот од цигарите, поленот, стресот кај детето при вадење на заби, започнување во градинка, доагање на нов член во семејството. Внесувањето на доволно tечности-хидрирањето е исто така важен момент. Од нутритивен аспект проблем може да прави протеинот од кравјото млеко,јајцата, кикириките, а и други нутритивни алергени на кои треба да се внимава од аспект на превенција за што се потребни дополнителени алерголошки тестирања за откривање на осетливоста кои кај секое дете се различни. За крај најважно кај оваа хронична состојба која не е заразна и голем дел од децата ке ја надраснат со возраста е добра соработка на родителите со дерматолозите и педијатрите.

Share: WhatsApp Facebook X

Related articles

МЕЛАЗМА ( ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА НА ЛИЦЕ )

МЕЛАЗМА ( ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА НА ЛИЦЕ )

← Back to blog